Откако Honda го претстави Civic Type R Prototype во Париз, сега моделот ја имаше и азиската премиера. Тоа се случи за време на автомобилскиот салон во Токио.
Прототипот покажува како ќе изгледа следната генерација на раскошниот спортски модел, чија сериска верзија ќе биде претставена официјално оваа година. Премиерата на Civic Type R Prototype во Токио совпадна со официјалното соопштение од страна на Honda дека продажбата во Јапонија на Civic Sedan и произведените во Европа верзии хечбек и Type R почнуваат од летото на 2017. Седанот ќе излегува од фабриката во Сајтама, во Јапонија, производството на хечбекот со пет врати и спортскиот Type R ќе се одвива во Свиндон, во Велика Британија. За првпат името на Civic како модел се појавува во 1972 година, од тогаш до денес од него се произведени околу 24 милиони примероци во светот.
Новата генерација на Civic Type R е дизајнирана по истата развојна програма, како и останатите членови на фамилијата Civic и негово производство ќе започне официјално подоцна оваа година. Спортската верзија ќе биде понудена на сите светски пазари, вклучувајки и САД. Ова ќе биде првата Honda со црвен амблем Type R, која официјално ќе биде понудена во Северна Америка. Претходната генерација на моделот се предлагаше во Јапонија, но само во скромна серија. Од оваа година продажбата на моделот во земјата на изгрејсонцето нема да биде во ограничен тираж.