Самодовербата е важен предуслов за успех во животот

Високото, но и реално мислење за себе лесно преминува во професионален и личен успех, тврди новото истражување.

Ова ја покажува анализата од американски научници кои што  анкетирале  над 7.000 лица.

Резултатите на психолозите од Универзитетот на Флорида покажуваат дека луѓето кои што имаат повисоко мислење за себе како млади, успеале во животот во значително повеќе случаи отколку оние со ниска самодоверба.

 

„Разликата е драматична и таа не е само на професионален план. Луѓето со висока самодоверба  се поуспешни и во приватниот живот “, тврди статијата за истражувањето, објавено во Journal of Applied Psychology.

Терминот самооценка генерира различни чувства, дополнуваат авторите.

„Случаите на т.н.. нарцизам можат да бидат исклучени од статистиката, бидејќи тука станува збор за нереално оценување на сопствените можности. Ние ги зедовме во предвид само оние луѓе чија што  самопроценка во голема мера одговара на нивните можности “.

- Реклама -