Самодвижечките сплавови на Базел, Швајцарија

Се наоѓаш во Базел, Швајцарија. Треба да ја поминеш реката Рајна. Имаш четири транспортни чамци/бродчиња (ќе ги викаме сплавови), ама немаат мотор, не сакаш да трошиш гориво, не сакаш да загадуваш, нема ветер за да им ставиш едра, а тебе баш и не ти се весла. Како ќе го решиш проблемот?

10 од 10 модерни инженери ќе смислат некаков комплексен систем, без сомнение. Ама Базел го има решено поинаку – на прилично примитивен (никако во негативна смисла), иновативен (во смисла – креативен) и крајно едноставен начин.

На четирите локации каде што се наоѓаат сплавовите, попречно преку Рајна има оптегнато сајла. Бродот е поврзан со сајлата со јаже. Јажето е споено со сајлата со посебен дел, еден вид на слајдер, кој слободно лизга долж сајлата. Кога сплавот треба да пренесе патници, сплаварот го користи кормилото за да го намести сплавот под агол кон текот реката, т.е. дијагонално на движењето на водата. Ако сплавот не е врзан за сајлата, реката едноставно ќе го однесе. Но вака, поради насоката на делување на силата на водата, сплавот се движи странично до другиот брег…

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Вакви да ти имало и во многу други делови од светот. Можеби се разликуваат во дизајнот, но принципот на работа е ист.

Ова е доказ дека решението некогаш е толку просто што лесно можеш да го превидиш. Доказ е и дека просечниот човек од оваа денешна високотехнолошка генерација не е нешто многу побистар од луѓето од пар векови порано.

- Реклама -