Samsung Galaxy Note III ќе биде најмоќен уред

Samsung се подготвува за надградба на својата популарна фаблет серија на Galaxy Note која ќе биде претставена за неколку месеци оваа година, а според најновиот извештај Galaxy Note III ќе биде неверојатно силен телефон.

IFAgalaxynote2

Извештајот кој доаѓа од корејскиот економски дневен весник тврди дека Note III ќе има најголема RAM меморија досега на пазарот од 3GB кога ќе се појави во текот на есента.

Samsung-Galaxy-note-3 (1)

Заедно со одлична меморија од 3GB, Galaxy Note III доаѓа со 4-јадрен Snapdragon 800 процесор кој работи со брзина од 2.3GHz, full HD Super AMOLED дисплеј од 6 инчи, главна камера од 13 МР, Anroid 4.2.2 Jelly Bean и подобрена поддршка за S Pen.

Galaxy-Note-ii

Според неофицијалните информации, Samsung планира да одржи прес конфренеција за 4 септември кога ќе го претстави Galaxy Note III.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -