Samsung Galaxy Note III со Full HD 6 инчен екран

Новиот хибриден смартфон  полека и срамежливо се појавува во јавноста со први слики, како и со откривање на неговите карактеристики. Samsung повторно ќе направи бум на пазарот со уште еден одличен уред кој ќе има врвни компоненти.

Според првичните информации главна атракција кај Samsung Galaxy Note III ќе биде големиот 6 инчен екран со Full HD резолуција, но и врвниот дизајн за кој веќе се шпекулира дека ќе биде составен од алуминиум и други премиум материјали.

Galaxy-Note

Хардверот се очекува да го содржат осум-јадрен Exynos 5 процесор надополнет со графичка карта Mali-450 GPU, 3 GB RAM, 13 MP камера и сосема нов кориснички интерфејс наменет за фаблет категоријата. Samsung Galaxy Note III би требало да дебитира во септември.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -