Долго време се зборува за новата технологија која ќе започнат наскоро да ја користат двата гиганти од Јужна Кореја Samsung and LG, но тоа „наскоро“ никако да дојде. Според најновите информации првите флексибилни екрани ќе започнат да се произведуваат во ноември.
Досега двете компании има повеќе промотивни настани на кои ги прикажаа своите концепти и замисли како навистина ќе се употребува оваа технологија иако за нејзина целосна примена ќе поминат неколку години, затоа основните уреди ќе бидат достапни кон крајот на есента.
Првите смартфони со екран на превиткување нема да имаат футуристички форми, туку мала промена во изгледот и дисплеј кој целосно ќе го прекрива телото на смартфонот со мало заоблување.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk