Samsung официјално го покажа најтенкиот паметен телефон – Galaxy A7

 

Samsung конечно го покажа Galaxy A7, за кој се зборува во последниве недели. За време на презентацијата на A3 и А5 во Малезија, корејската компанија разоткри детали за спецификациите на новиот уред.

Galaxy A7 е најтенкиот паметен телефон на Samsung со дебелина од само 6,3 мм – малку потенок од Galaxy A5 и Galaxy Alpha. A7 e направен од метал, има 5.5-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели, осемядрен процесор Snapdragon 615 од 1,5 GHz. Капацитетот на батеријата е 2600 mAh, камерата е 13-мегапикселна, а оперативниот систем Android KitKat. Се очекува вградената меморија да биде 16GB, како и да има поддршка на 4G LTE.

Прочитајте и:  20-80 правилото за полнење на батериите го продолжува нивниот век, но немојте да го користите

Според малезиски сајт SoyaCincau Galaxy A7 ќе биде пуштен во земја во февруари по цена од околу 400 долари, но пред тоа смартфонот треба да излезе во Јужна Кореја. Предолагаме дека Samsung ќе открие повеќе детали за А7 во наредните недели.

1 2 3 4 6 7 8

- Реклама -