Санкционирани ВАР судиите кои го оштетија Ливерпул

Суспензија од два натпревари им е изречена на англиските судии кои од ВАР собата со погрешна одлука придонесоа за поразот на Ливерпул од Тотенхем (1-2) во саботното дерби во Премиер лигата.

Тотенхем победи со гол во судиското продолжение, а судиите претходно во првото полувреме погрешно му поништија гол на Ливерпул кој го постигна Луис Дијаз.

Судиското тело подоцна призна дека одлуката за поништување на голот на Дијаз била погрешна, тврдејќи дека станува збор за човечка грешка и оти погодокот требало да биде потврден преку ВАР интервенција.

„Судијата Дарен Ингланд и неговиот помошник Дан Кук, кои беа во ВАР собата на дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул се заменети за денешниот натпревар меѓу Нотингем Форест и Брентфорд и утрешниот меѓу Фулам и Челзи“, соопшти Судиското тело.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

МИА

- Реклама -