Сашо Мијалков нуди скоро 1.1 милион евра гаранција

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – Сашо Мијалков, понудил гаранција од три недвижни имоти, чија вкупна вредност се проценува на 1.092.000 евра, за да излезе од притвор, дознава „Телма“ од судски извори.

Од одбраната потврдуваат дека понудиле гаранции, но не откриваат за каков имот станува збор, ниту дали е во сопственост на Мијалков или (и) на негови роднини, блиски и пријатели, што е чест случај кога обвинетите нудат гаранции во замена за слобода.

Дали Мијалков ќе чека Нова година во Шутка или на слобода, судот ќе реши во наредните денови.

Повеќе на Телма.

 

- Реклама -