„Сценска и музичка интерпретација на народна и класична македонска поезија“ – врв на културните настани во македонскиот КИЦ во Софија во 2025 година.

Завршна културна вечер на Македонскиот КИЦ во Софија

На 19-ти декември, Македонскиот културно-информативен центар во Софија организираше завршна културна вечер за 2025 година под наслов „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија“. Овој настан ја потврди живостa и духовната длабочина на македонската култура.

Присуствуваше и македонската амбасадорка, г-ѓа Агнеза Руси – Поповска, која позитивно се изрази за културната година во Македонскиот КИЦ. Таа го истакна значењето и разновидноста на реализираните настани, кои оставија траен белег на публиката и ја афирмираа културната видливост не само на македонската заедница во Софија, туку и на македонскиот идентитет, историја и традиција.

Настанот беше посветен на оживувањето на македонската поезија како значајна духовна вертикала. Под раководство на актерот и режисер Васил Михаил и музичарот Слободан Боби Ѓошиќ, одекнаа стихови од богатата македонска творечка ризница, вклучувајќи дела од големите автори како Свети Климент Охридски, Григор Прличев, Константин Миладинов и Никола Вапцаров, предизвикувајќи силни емоции кај публиката.

Софиската публика беше во целосен восхит, следејќи ја програмата со внимателност и задоволство. Присутните не само што се вдлабочија во богатството на македонската литература и музика, туку ги почувствуваа и длабоките врски со својот идентитет, создавајќи атмосфера на заедништво и гордост. Вечерта ја потенцираше уникатноста на Македонија и нејзиниот посебен идентитет, кој се афирмира низ вакви настани.

Прочитајте и:  Спомен за Љупчо Неделков – етнологот кој својот живот го даруваше за истражување и зачувување на македонската традиција.

Овој завршен настан беше круна на успешната 2025 година за Македонскиот КИЦ во Софија, која се потврди како жив и видлив центар на македонската култура. Тој стана место каде поезијата, музиката и традицијата се спојуваат и оживуваат пред публиката, будиќи го македонскиот дух. Настанот ја потврди важноста на Македонскиот културен центар во Софија како институција која ги чува и промовира македонските културни вредности и духовната самобитност на македонската заедница во Бугарија и низ светот.

Со овој настан, Македонскиот КИЦ не само што ја затвори успешната година, туку и испрати силни пораки за жива, видлива и инспиративна македонска култура, додека публиката во Софија со нетрпение очекува континуитет на вакви значајни активности и програми во 2026 година.