Сеирот е во човечката природа. Трамп ги исполнува сите критериуми за да биде мета на сеир. Уште за време на кампањата за претседателските избори, медиумите го сконтаа тој момент, и го ставија Трамп под рефлектор, во главниот фокус. И тоа веројатно придонесе за исходот.
Сеирот е дрога. Обично безопасна, ама колку повеќе ја земаме, толку поголема доза ни треба. А тоа, особено во политиката, може да биде опасно.