СДСМ бара Мицкоски да одговори за скандалот со Цех, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за дефокус

„Нов скандал поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и белата палата на Христијан Мицкоки. Угледни германски медиуми, Шпигел и Фокус, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија (ЦСУ – Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, ‘предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски’. Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра, кои Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ. Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна денеска на прес-конференција пратеничката на СДСМ – Славјанка Петровска, која го повика Мицкоски да даде одговори за некои од дилемите што произлегуваат од ваквите настани.

„• Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени?
• Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?
• Каква била улогата на Мицкоски, прво како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија?“, прашуваат Петровска и СДСМ.

„Јавноста памети дека ВМРО-ДПМНЕ со години трошело милионски суми за лобирање и консултантски услуги и во Соединетите Американски Држави. Почитувани граѓани, скандалите за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат и границите на нашата држава. Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки, е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење. Овој скандал заслужува институционално внимание на нашите органи. Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство, и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата“, порача Петровска.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Среде пандемија Заев, Филипче и останатите бркаат тендери, провизии за вакцини преку фантом фирми од Хонг Конг, набавка на софтвери на Рашковски, си одат на луксузни одмори, а граѓаните умираат секојдневно. Ова е реалната слика која ги загрижува граѓаните, криминалот, тендерите, неспособноста на владата и прекумерната смртност“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од опозициската партија, консултантски услуги за ПР и стратегиско советување користат сите политички партии, вклучително и СДСМ.

„Сите се сеќаваат на сликите пред СДСМ од странски консултанти од соседството кои организираа пленуми и шарени револуции, за да дојде Заев да ја испокраде и уништи целата држава. Одговорност за криминалот на оваа Влада на СДСМ мора да има!“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -