СДСМ: Филипче, Петровска, Деспотовски и Бајдевски потврдени кандидати за претседател на партијата

СДСМ денеска соопшти дека Централната изборна комисија на партијата ги разгледала поднесените кандидатури за претседател на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни и оти е утврдена единствена листа со четворица потврдени кандидати.

-Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дела Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

Прочитајте и:  Мицкоски до СДСМ: За многу скоро ќе слушнете што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Вака утврдената листа од четворица кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии, се вели во соопштението.

- Реклама -