СДСМ: Филипче работи за граѓаните, Мицкоски лажеше за тестовите и одеше по кафани и теретани

„Цело време од почеток на ковид пандемијата па до денеска Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на погрешната страна, седат на страна, шират невистини и плукаат“, одговараат од СДСМ со контра-обвинувања на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Филипче, заедно со сите здравствените работници, се бореше да обезбеди маски, заштитни, тестови, Мицкоски јавно излажа дека нема доволно тестови, дека немало доволно заштитна опрема.

Додека Мицкоски кршеше мерки, одеше кришум по кафеани и теретани, додека ВМРО-ДПМНЕ организираше јавни собири, здравствените работници деноноќно се бореа против коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ дури и си поигруваа и се потсмеваа со судбините на починатите и заболените.

– Дај боже повеќе да се разболат
– Вирусот не е опасен
– Маски воопшто не се потребни
– Нема да има есенски бран
Ова е односот на ДПМНЕ кон граѓаните и вирусот“, тврдат од СДСМ.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

„Оттука, единствено кога се зборува за однесувањето на Мицкоски може да се каже дека тоа се епски глупости.

И покрај глобалните предизвици и покрај тоа што сите земји во Европа се соочуваа со притисокот за набавка, а производителите – со притисок за производство на вакцини, вакцините се обезбедени. Имунизацијата како последен чекор во борбата против коронавирусот, започнува наскоро, колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, порачуваат од владејачката партија.

- Реклама -