СДСМ: Фон дер Лајен денеска ги потврди фактите кои СДСМ и целата проевропска јавност ги говорат

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание денеска ги потврди фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат“, порачуваат од СДСМ во реакцијата по повод прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој посочи неколку „неодговорени дилеми“ од документите од францускиот пакет кои ги објави Владата и она што претседателката на ЕК го порача пред пратениците.

Во реакцијата, СДСМ ја цитираа Фон дер Лајен:

„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.“

“Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.“

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Со овие јасни и недвосмислени изјави“, оценуваат од владејачката партија, „претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев“.

Како што велат од партијата, пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

„Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат!“, порачуваат од СДСМ.

- Реклама -