СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници, Шилегов во нова трка за Скопје

Претседателот на СДСМ – Зоран Заев, ги соопшти имињата на 30 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, кои вечерва беа потврдени на Извршниот одбор на СДСМ.

Заев и официјално потврди дека актуелниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов, повторно ќе се бори за главниот град.

Довербата на СДСМ ја добија и:

Перо Костадинов – Валандово,
Миликије Халими – Арачиново,
Благојчо Шапов – Богданци,
Велимир Смилевски – Бутел,
Марјан Јанев – Василево,
Зоран Зимбаков – Босилово
Сашо Јанковски – Вевчани,
Ивица Димитров – Виница,
Роберт Пешовски – Градско,
Горан Трајковски – Делчево,
Лазе Петров – Демир Капија,
Анго Ангов – Дојран,
Борче Гиевски – Зелениково,
Јордан Нацев – Карбинци
Филип Темелковски – Кисела Вода,
Благојче Илиев – Конче,
Томе Христоски – Крушево,
Аце Велкоски – Лозово,
Медат Куртовски – Маврово – Ростуше,
Љубе Кузманоски – Новаци,
Константин Георгиески – Охрид,
Славчо Пандурски – Пехчево,
Драган Анастасов – Пробиштип,
Живко Гошаревски – Ресен,
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане,
и Сашко Николов – Штип.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Претседателот на СДСМ истакна дека избраните кандидати се најдобри врз основа на анкетите. Тој оцени дека во  општините е направено многу и дека има резултати какви што немало со години, но додаде и дека можеле повеќе доколку не се случела, пред сѐ, пандемијата.

- Реклама -