СДСМ ја демантира веста на „Канал“ за договор за премиер по принципот 3+1

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери–ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори“, велат од партијата.

Во демантот, СДСМ им забележува и на медиумите затоа што ја објавиле веста:

„СДСМ им стои на располагање на медиумите и очекува, во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда“, велат од СДСМ, додавајќи дека навремено ќе ги информираат граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопштат.

- Реклама -