СДСМ: Ја намаливме невработеноста на младите на 29 отсто, ВМРО-ДПМНЕ ја држеше на 42 отсто

Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ,  стапката на невработеност на младите падна на 29%, за разлика од 42%, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, се пофалија од владејачката партија.

Во партиско соопштение, од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не го слушала гласот на младите и мислела само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, а како резултат младите барале чаре во странство и масовно се иселувале во потрага по подобар живот.

Според СДСМ, од друга страна, нивните политики се сосема спротивни:

„СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.

Прочитајте и:  Филипче: Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење и искуство

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење“, велат од партијата. Затоа, додаваат, СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните.

- Реклама -