СДСМ ја поздравува одлуката на Бајден: „ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки партнер“

„ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски денеска повторно го покажа своето антизападно и антидржавно лице. Се редат изјави на функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека и понатаму оваа партија е против Договорот од Преспа“, реагираа денеска од СДСМ, откако Извршната одлука на американскиот претседател Џо Бајден ја брануваше јавноста во земјава, но и регионот.

„ВМРО-ДПМНЕ е против државните интереси, против членството во НАТО и ЕУ, против нашите стратешки партнери! За нив не се важни интеграциите на татковината ниту нејзината иднина, ти е се само за блокади. За Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се важни ниту односите со нашиот стратешки партнер и докажан пријател САД“, обвини пратеникот на СДСМ – Миле Талевски, во изјава за медиумите.

Со своите ставови, ВМРО-ДПМНЕ станува изолирана и неважна, но уште повеќе, им врти грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки сојузник – Соединетите Американски Држави, порача тој.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е на страна на државата, на страна на напредокот, на страна на граѓаните. СДСМ ја поздравува последната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден.

Рамковниот и Преспанскиот договор се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД. Овие два договори се гарант за стабилноста пример за стабилизација и напредок на нашата држава и целиот регион, а еден од најсилните гарантори за договорите е нашиот стратешки сојузник САД.

Додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и работи на штета на државните и националните интереси, СДСМ продолжува со храбри визионерски чекори и презема политики што носат напредок развој и интеграција“, рече Талевски.

- Реклама -