СДСМ: Јанушев си игра мајтап со народот, татко му да не играл за Манчестер Јунајтед?

Излагањето на вториот човек на Мицкоски во Владата, Игор Јанушев, во емисијата „На кавга со Иван“, на Канал 5 Телевизија којашто се емитуваше вчера, дополнително ги зголеми сомнежите за потеклото на имотот вреден 320.000 евра.

Сакајќи да се оправда, Јанушев рече дека неговиот родител,  кој му го подарил скапоцениот имот бил инженер во Тополница Влес и познат фудбалер, алудирајќи дека наводно така ги заштедил парите за зградата.

Инженер во Тополница заштедил 320.000 евра а Топилница е во стечај 20 години?

Познат фудбалер бил, да не играл за Манчестер Јунајтед па вртел милиони?

Дали ова Јанушев си игра мајтап со народот или веќе го загубил осетот со реалноста?

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Ваквите изјави на Јанушев ги потврдуваат сите сомнежи.

Уште еднаш ги повикуваме Јавното обвинителство и ДКСК да постапат и да го истражат целиот случај со имотот на Јанушев.

Како Јанушев дошол до 320.00 евра имот, од каде се парите?

Особено што тој беше осуден за криминална набавка со кинеските авотбуси на ЈСП, случај тежок неверојатни 5 милиони евра.


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

- Реклама -