СДСМ: Крај на огромните камати – усвоени измените на законите за извршување и облигациони односи

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои измените на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување, со кои повеќе нема да може каматата да биде повисока од долгот, соопштија од партијата.

Овие измени, како што посочуваат, доаѓаат по бројни реакции од граѓаните до пратениците, а ќе овозможат кога износот на стасаната а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече.

Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

„Со овој чин ги штитиме граѓаните и ставаме крај на праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле, како што тоа беше случај често пати досега“, порачаа од СДСМ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Истовремено, тие ги критикуваат ВМРО-ДПМНЕ и Левица зашто не ги гласале овие законски измени.

„Пратениците од ДПМНЕ и Левица кои секојдневно глумат загриженост за граѓаните, не гласаа за овие законски измени и уште еднаш како и многу пати до сега се ставија на спротивната страна од интересите на граѓаните.

СДСМ, преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, продолжува да се грижи за животниот стандард на сите граѓани“, порачуваат од владејачката партија.

- Реклама -