СДСМ: „Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови“

„Бадијала Христијан Мицкоски глуми, бара оправдувања за тоа што ја поддржа Резолуцијата на Европската народна партија со ставовите на Бугарија. Мицкоски е лажен патриот и ништо повеќе, нема основно чувство за државност“, реагираат од СДСМ по повод оценката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека францускиот предлог е „нокаут за македонската дипломатија“.

Според владејачката партија, токму Мицкоски ги поткопал државните позиции:

„Боксерскиот речник на Мицкоски очигледно му е наследство од Никола Груевски, но реалноста е дека токму Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, односно по неговиот речник зададе сериозен удар на државните позиции“, велат од СДСМ.

Според нив, „Мицкоски дома глуми патриот, а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции, исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија – Бојко Борисов, со рачињата на маса, засрамен, велел дека го поддржува Договорот со Бугарија“.

Прочитајте и:  Мицкоски до СДСМ: За многу скоро ќе слушнете што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Тоа е лажното лице и однесување од Мицкоски и ниту еден збор поврзан со спорот со Бугарија од устата на Мицкоски нема значење ниту тежина, тврдат од СДСМ.

- Реклама -