СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници

Првите имиња на кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13-ти јули, информираше генералниот секретар на владејачката партија – Љупчо Николовски.

На брифинг со медиуми, Николовски посочи дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десеттина денови да финишираат постапките во самите општински органзации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

Објавата на првите 20-ина кандидати, како што информираше Николовски, е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раоводство.

Од СДСМ потсетуваат дека во изминатиот период го засилиле присуството на терен преку маалски средби и граѓански трибини под слоганот „Најдоброто (за нашата општина)“ и уверуваат дека на претстојните локални избори ќе ја креираат најдобрата понуда за секоја општина.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -