СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Станува се потешко да се изборјат лагите на ВМРО-ДПМНЕ во овие стотина дена откако ја преземаа власта.

Најновата лага која со месеци ја трубеше министерот Александар Николоски е дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот.

Ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно. Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.

Има ли нешто за што не излажа Николоски откако е седнат на фотелјата?

СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.

Прочитајте и:  Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата, јасен сигнал дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се неуспешни

Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Единствено што постигнаа е да ја окупираат јавноста и медиумите со нивните бескрајни соопштенија и прес конференции.

Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.

Неодамна Владата во целост го потврди и планот за раст кој СДСМ го подготви и во целост го потпиша, Мицкоски се повикува на Преспанскиот договор како добар приемр за дипломатија и бара таков договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ги призна сите добри политики на Владата кои претходно ги криткуваше.  Лицемерието е огромно и невидено на овие владини простори.

СДСМ

- Реклама -