СДСМ од денеска на Фејсбук и на албански јазик

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук, соопштија од пapтијата.

Со тоа, велат, ќе им овозможат на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности.

„СДСМ посветено го спроведува концептот ‘Едно општество за сите’ овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права.

Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани на Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

Фејсбук страницата на СДСМ на албански јазик е достапна на овој линк: https://www.facebook.com/LSDMaqedoni/

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

- Реклама -