СДСМ: Платите растат и во 2024 година, минималната плата од март 22.500 денари

Од владејачката партија СДСМ денес излегоа со соопштениеоколу висината на платите во 2024 година. Од месец март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари, нагласија од партијата.

„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на  2016 година. Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните и да го вреднува трудот на работниците.“, се вели во соопштението.

Прочитајте и:  Костовски: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев
- Реклама -