СДСМ: Почитувањето на мерките дава резултат, следува процес на вакцинацијa

„Навремените мерки за заштита од коронавирусот, почитувањето на мерките од страна на мнозинство граѓани, како и засилените инспекциски надзори и контроли, доведоа до стабилизирање на пандемијата на ковид 19“, велат од СДСМ.

Нивната пратеничка Даниела Колева, на прес-конференција, се заблагодари за придонесот на сите кои учествуваат во борбата со невидливиот непријател, оценувајќи дека притисокот врз здравството е намален:

„Бројот на новорегистрирани случаи и починати е намален, а зголемен е бројот на оздравени пациенти. Тоа придонесува за намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети. Бројот на хоспитализирани пациенти во болничките установи ширум државата е намален двојно“, истакна таа.

Според Колева и СДСМ, ова се позитивни трендови, но сепак, порачуваат, не смееме да се опуштиме, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот. Со тоа, велат од владејачката партија, ќе помогнеме да нема нов голем пик пред претстојната вакцинација која ни претстои.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини кои се обезбедени со помош на соседна Србија, на производителот Pfizer. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1.2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население“, рече Колева.

„Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот. Затоа, сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје, за да ставиме конечен крај на пандемијата и побрзо да се вратиме во нормалното функционирање“, додаде таа.

- Реклама -