СДСМ преку соопштение повикува на итна реакција од надлежните институции во врска со обелоденетите информации за наводна поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија која е регистрирана во Бугарија. Од опозициската партија изнесуваат дека, согласно документите што се објавени во бугарските медиуми, Јанушев е поврзан со фирмата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО, со седиште во Ќустендил, која се занимава со патен линиски превоз на стока. СДСМ истакнува дека во сопственичката и управувачката структура на оваа компанија се јавуваат различни неправилности.




