СДСМ: Со помилување криминалци ВМРО ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба

Со скандалозни помилувања на криминалци и нарко босови од затвор и нивно пуштање на слобода ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба.

Шокантните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ кои ги спроведува Сиљановска Давкова ја занесуваат секоја церемонија денеска.

Додека Мицкоски внатре зборува за идеали, надвор се помилуваат нарко босови вклучени во криминални активности, трговија со дрога и оружје, вмешани во мафијашки пресметки.

Ова е срам и погазување на идеалите на револуционерите од македонската револуционерна борба. Ова е директно загрозување на правната држава и охрабрување на криминалните структури.

Неправда, наместо правда. Јасен сигнал дека криминалците се под заштита на власта и дека тие можат да продолжат да хараат по улиците, без никаква казна.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: СДС не смогна сили да испратат честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Граѓаните со право ќе бидат загрижени за својата безбедност кога криминалци се пуштени на слобода благодарение на Давкова и ДПМНЕ.

Што им должи ВМРО-ДПМНЕ на криминалците од нарко – кланот Барон, какви услуги им враќаат денеска?

Длабоките врски на ВМРО-ДПМНЕ со криминалните структури и криминалното подземје се на виделина, никој не може да ги сокрие.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

- Реклама -