СДСМ: Во тек е изградба на бул. „АСНОМ“ и новиот мост кој ќе ја поврзе Аеродром со Гази Баба и Центар

„Во тек е изградбата на втората фаза од изградбата на булевар ‘АСНОМ’, која вклучува изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ја поврзува општина Аеродром со соседните општини Гази Баба и Центар, кај населбата Ќерамидница, на крстосницата со бул. ‘Гоце Делчев’ и ул. ‘Беласица’ “, соопшти денеска Даниела Николова од ОО СДСМ Аеродром.

Како што истакна таа, со изградбата на овој мост двојно се скратува времето потребно за патување од Ново Лисиче до Центар, односно од Ново Лисиче до „Мавровка“ би се стигнувало за помалку од 5 минути.

Николова потсети и дека првата фаза од изградбата заврши во мај, и дека со тоа некогашната улица „Асном“, на потегот од булевар „Србија“ до „Васко Карангелески“, сега е булевар со 3 ленти во двата правци, средишно зеленило, велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

„Во завршна фаза е и реконструкцијата на бул. Видое Смилевски Бато, а минатата година целосно беше реконструиран бул. Февруарски поход и ул. Владимир Комаров на потегот од Железничка до бул. Јане Сандански.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата Пандил Шишков, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата Фрањо Клуз, нова улица Новопроектирана 3 кај висококатниците, повеќе краци на улицата Венијамин Мачуковски во Мичурин, улиците Тодор Чангов 20, Тодор Чангов 41 и Ѓорги Капчев 9, Божин Николов – Силни во Горно Лисиче и улица 20 во Долно Лисиче“, додаде Николова.

„Преку градската и општинската власт што ги предводи, СДСМ континуирано инвестира во сообраќајната инфраструктура во општина Аеродром. СДСМ продолжува да работи на изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во сите делови на општина Аеродром. Градиме по план и инвестираме во иднината, посветено работејќи на проекти важни за граѓаните“, порача Николова.

- Реклама -