Се бараат патници низ времето

Истражувачи од Универзитетот Мичиген на интернет бараат  докази за постоење на патници низ времето, кои доаѓаат од иднината. 

Ако некој пронашол начин да патува низ времето, сигурно би оставил некои докази за идните настани на социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук, велат научниците.

Времепловци јавете се. Некој вас конечно ви верува!

Научниците ги користат социјалните мрежи, со цел да пронајдат патници низ времето, кои патуваат од иднината, пишува британски Телеграф.

Сепак недостасуваат големи недостатоци. Пронајден е еден блог кој говори за изборот на сегашниот папа, пред неговото доаѓање на должност, но тоа го навеле како случајност. Научниците тврдат дека не се откажуваат од своите замисли.

„ Интернетот е есенцијана база на податоци. Верувам дека патниците низ времето, ако ги има, оставиле некои докази на интернет. Како броеви за лото кои допрва би требало да бидат извлечени“, вели еден од истражувачите, Роберт Немироф.

- Реклама -