Се излеа нафта во канал од Охридското Езеро

Во каналот Студенчишта кој се влева во Охридското Езеро потонал брод од којшто се излеала нафта која веќе е стигната до езерото.

Според сведоци, сношти сè било во ред, а утрово била забележана нафтената дамка, што укажува на тоа дека инцидентот се случил во текот на ноќта.

Потонат е бродот „Мис Стон“, а од надлежните служби уште никој нема излезено на терен.

- Реклама -