Сè повеќе Полјаци кои сметаат дека државата треба да испрати и војници во Украина

Меѓу Полјаците се зголемува подготвеноста доброволци, како и војници кои би ги испратила државата да се борат во Украина, а според истражувањето спроведено за локалните медиуми, денес 9,4 отсто од испитаниците сметаат дека Полска треба да помогне и со испраќање свои војници, додека минатата година воопшто немаше поддршка.

„Минатата година и сега го поставивме истото прашање: Каква помош треба да и пружиме на Украина. Во претходната анкета, воопшто немаше прифаќање за испраќање полски војници, а само 3,4 отсто ја изразиле својата поддршка да им се дозволи на Полјаците да се борат како доброволци на страната на Украина“, потсетува полското радио РМФ ФМ на својата веб-страница, за кое заедно со весникот „Дјеник Газета правна“ е изработена нова анкета.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Сега за тоа државата да им дозволи на Полјаците да служат во украинската војска се изјаснуваат 27,1 отсто од граѓаните.

Најголема поддршка и натаму има за испраќање хуманитарна помош, која ја поддржуваат 75 отсто од анкетираните, додека 67,6 отсто сметаат дека Полска треба да и достави на Украина оружје, не само муниција, туку и тенкови или авиони за да се одбрани од руската агресија.

- Реклама -