После долга медиумска пауза, некогашниот учесник на музичкиот натпревар „Операција триумф“, Вукашин Брајиќ, се врати на музичката сцена, со новиот спот и песна „Na usnama”.
Станува збор за рок љубовна балада, снимена по светски стандарди и создадена во студиото Sterling Sound во Њујорк.
– И покрај силниот звук, спотот изобилува со нежни љубовни сцени. Мислам дека е во прашање необичен спој на повеќе светови. Се на се, нешто што не може да се види секој ден, вели Вукашин.
Погледнете го спотот:
Прочитај повеќе: Што прави денес победникот на „Операција триумф“?