Се снима Раѓање, краткометражен филм во режија на Милена Виитман

„Раѓање“ е приказна за амбициозна жена, чиј свет се руши во моментот кога станува мајка, прави обиди да ја прифати суровоста на новонастанатата реалност.

Сценариото и режијата се на Милена Виитман, а кинематограферка е Марина Колоска.

Актерската екипа ја сочинуваат: Симона Спировска, Филип Трајковиќ, Тања Кочовска, Несрин Таир, Емисија Мицевска, Ирена Ристиќ и Жаклина Стевковска

Филмот е во продукција на DNF Films, со поддршка од Агенција за Филм на Република Северна Македонија.

- Реклама -