Еден човек од Алабама тврди дека се повредил во продавница на Волмарт кога се сопнал од лубеница.
Неговата болка, овој ланец на маркети го чинела неверојатни 7.5 милиони долари.
Судот одлучил дека Волмарт во овој случај бил невнимателен. Хенри Вокер наводно паднал и го скршил колкот додека купувал лубеница во продавница на Волмарт. Тој потоа го тужел овој ланец на маркети, а судот му доделил оштета од 7.5 милиони долари.
Како што навел Вокер, неговата нога останала заробена во палетите под робата кога се обидел да дофати една лубеница.
Судот смета дека Волмарт требал да ја покрие палетата.
Волмарт тврди дека палетите не се опасни, и оти се разочарани од пресудата и ќе вложат жалба.