Кога се чувствувате подуени и ќе „пуштите ветер“, веднаш чувствувате олеснување. Но тоа, наводно, не бил единствениот бенефит. Некој паметен на Фејсбук пишал дека при прдењето се согоруваат и до 67 калории. Дел од корисниците се заинтересирале: Навистина ли?
За жал, набрзо во дискусијата се приклучиле стручни лица за да ја расипат забавата. Не, лудо е да се верува дека при прдење се трошат калории, велат.
„Просечна возрасна личност во дигестивниот тракт дневно има од 0.5 до 1.5 литар гасови. Луѓето знаат да испуштаат гасови и до 20 пати дневно, што е сосема вообичаена бројка. Ако при едно прдење согорувате 67 калории, меѓутоа, по таквата логика вие би согориле по 1340 калории во еден ден“, објаснува д-р Спенсер Надолски преку чиста математика.
Тоа значи дека на секои два до три дена вие би можеле да намалувате по половина килограм само со прдење, што е лудо. Не се слабее со испуштање гасови. Тоа не е ефикасен (а и воопшто) начин за намалување на килограмите, па во ниту еден случај не може да го замени, на пример, вежбањето, се надоврзува уште еден доктор – Метју Питман.
И не, „обемот и силата на ветрот“ не прават разлика. „Тивок или гласен, ‘ветерот’ се состои од азот, водород, метан, кислород и вода. Гласнотијата ја одредува неговиот волумен и ниту еден фактор не може да влијае на брзината на согорување на калориите“, додава Питман. Што се однесува до испуштањето гасови од телото, тоа е пасивна телесна функција. Телото согорува калории само при мускулна активност, а не и кога е неактивно“.
Сепак, трошеле калории или не, ако ви се прди, прднете, додава Питман. Со него се согласни и останатите експерти. А има и бонус причина, на пример, она што се случува кога нема да прднете. Читнете ТУКА.