Се венчавале само поради подароци: Најкратките бракови на светските ѕвезди

 

Дали е потешко да стапите во брак или да излезете од него? Судејќи по некои познати личности кои се разделиле во рекордно време, очигледно разводот не претставува голема мудрост.

Убавата актерка Пелин Карахан (29) од „Величествениот“, по две години се развела од сопругот Ердинк Бекироглуа, а бракоразводната парница траела само 10 минути. Актерката напишала дека причината е „потполно несогласување на карактерите и животните филозофии, тешки кавги и залудни обиди за помирување“. Очигледно актерката не била само на екраните осудена на несреќен брак.

24217pelinkarahan