Американската актерка Кејли Куко, позната по улогата во серијата „The Big Bang Theory“, се вери со тенисерот Рајан Свитинг, потврдија нејзините претставници за медиумите.
Актерката и тенисерот започнаа да се забавуваат пред само три месеци. Ова ќе биде прв брак и за двајцата, пишуваат американските медиуми.
Кејли пред Свитинг се забавуваше со ѕвездата на новиот Супермен, Хенри Кавил.