Се враќа златната ера на летањето: Авион за богаташи

boing

Американската авиокомпанија Crystal Cruises се пофали со проектот за својот нов раскошен авион.

Она што прво паѓа во очи кај Boeing 777-200LR е просторот и неговата поделеност на зони, пишува Luxury Launches.

1(2484)[1]

Меѓу другото, патниците ќе имаат можност и да уживаат во елитен ресторан во кој ќе биде послужувана храна од професионален готвач од рангот на Мишелин, или да престојуваат во супер удобна дневна соба.

1435-Aft_Night-1920x1080[1]

Предвидена е и огромна зона за одмор со подвижни седишта, ќе има и пункт за медицинска помош, па дури и винарска визба со селекција од 300 различни брендови на вино.

3(2507)[1]

Што се однесува до ентериерот, тој е целосно хај-тек. Користени се најнови и скапи материјали, а притоа патниците ќе располагаат со најновите играчки на технологијата.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

1435-Lounge-Divan-Day-1920x1080[1]

Раскошниот Боинг ќе собира до 84 патници, плус 12 членови на екипажот. Официјално ќе биде претставен во септември 2017 година.

На темата: Летањето беше многу позабавно пред 50-тина години 

На темата: Храната што ја служеа во авионите пред 50 години

- Реклама -