Дознајте што направи Игор Којиќ, за својата љубена Северина.
Северина Вучковиќ и Игор Којиќ повеќе не ја кријат својата љубов. Игор, синoт на познатиот пејач Кеба, одлучи да изнајми стан во Загреб, за да биде во близина на својата избраничка.
Заљубената двојка го користи секој слободен миг за заедничко уживање, а со оглед на тоа што Игор сè уште не може да се пресели кај Северина, поради нејзиниот тригодишен син, одлучи да изнајми стан во нејзиното соседство.
„Игор и Северина се неразделни. Бидејќи сфатија дека нивните емоции се силни, двајцата ја обелоденија врската. Таа е толку заљубена што не ја интересираат никакви коментари, ни реакции за нивната нова љубов, ниту пак за тоа што е Игор 15 години помлад од неа. Неа само ја интересира дали Александар ќе го прифати нејзиниот нов дечко“, вели за српски Курир извор близок на пејачката.
Исто така, заљубениот пар планира денес за прв пат да се појави пред камерите, на гала забавата на Стори магазинот.