Нашето осамено парче небо тукушто стана малку помалку осамено кога научниците се пофалија дека идентификувале карпеста планета, голема отприлика колку Земјата, и тоа прилично во комшии – орбитира околу ѕвездата што е најблиска до нашиот Сончев систем. Во извештајот објавен вчера во Nature, научниците ги објавија добрите вести дека позитивно идентификувале планета 1.3 пати поголема од Земјата, која орбитира околу црвената џуџеста ѕвезда Proxima Centauri, и е оддалечена 4.2 светлосни години далечина.
Откритието е направено како резултат на внимателно опсервирање на ѕвездата веќе долг временски период. Научниците увиделе дека еднаш на секои 11.2 дена, светлината од ѕвездата благо варирала – варијација наречена Доплеровa промена (Doppler Shift, резултат на Доплеровиот ефект), кога изгледа дека ѕвездата малку се доближува до Земјата, а потоа малку се оддалечува. Научниците го викаат wobble, и е индикатор дека постои присуство на планета.
Научниците бараа егзопланети во предворјето на Proxima Centauri со години, но очигледно беше потребно долго време за конечно да можат да потврдат дека се работи за планета, а не некакво друго попречување на светлината што доаѓа од ѕвездата, како што би биле сончевите дамки на Proxima Centauri. Од нашата земска перспектива и двете би изгледале многу слично.
„Штом веќе востановивме дека тој wobble не е предизвикан од дамки на самата ѕвезда, знаевме дека мора да има планета што орбитира во зоната каде што би можела да постои вода, што е навистина возбудливо. Ако понатамошните истражувања заклучат дека условите на нејзината атмосфера се подобни за да поддржуваат живот, ова е несомнено едно од најважните научни откритија што некогаш ќе ги направиме“, вели Џон Барнс – коавтор на извештајот.
„Не е само најблиската планета до нашиот сончев систем, туку е и најблиската планета надвор од нашиот сончев систем што некогаш ќе биде најдена“, изјави астрофизичарот Ансгар Рајнерс (еден од авторите на студијата) на прес конференцијата во вторникот.
Но, блискоста до нас и големината на планетата наречена Proxima b, не е единственото возбудливо нешто околу откритието. Научниците исто така истакнуваат дека планетата орбитира околу Proxima Centauri во областа наречена „Голдилокс зона“ т.е. орбитната зона што не е ни предалеку, ниту преблиску до сонцето/ѕвездата, што значи дека Proxima b е потенцијално населива. Ако успеала да ја зачува својата атмосфера и течната вода, може да поддржува и живот.
Од друга страна, нема гаранција дека планетата некогаш имала атмосфера или вода. Proxima b орбитира околу Proxima Centauri секои 11.2 дена, на дистанца од 4.66 милји, или на дистанца од околу 5% од таа на меѓу Земјата и Сонцето. За споредба, Меркур орбитира околу Сонцето на просечна дистанца од 35.98 милји.
Ако Proxima Centauri беше како нашето Сонце, таквата мала дистанца меѓу неа и Proxima b ќе беше доволна да ја спржи барем површината на планетата. Но Proxima Centauri е многу потемна, помала ѕвезда. А на растојание од помалку од 5 милиони милји, научниците проценуваат дека Proxima b всушност добива околу помалку, т.е. 65% од радијацијата што Земјата ја добива од Сонцето. Без атмосфера, температурата на Proxima b би била околу -40° Целзиусови.
Тоа е навистина студено, но не така различно од Земјата. Ако Земјата немаше атмосфера, температурата ќе ѝ беше -20°C.
Ако налетавте на многу „ако ова“, „ако она“, тоа е затоа што сé уште знаемее многу малку за нашиот нов сосед. Иако компјутерските модели сугерураат дека планетата би можела да содржи вода и да има атмосфера, па дури и магнетско поле (што би помогнало да се одбие целата смртоносна радијација од површината на планетата), нема докази за ништо од тоа.
„Ако нејзината атмосфера е подобна да поддржува живот, ова е несомнено едно од најважните научни откритија што некогаш ќе ги направиме“.
А дури и ако Proxima b некогаш имала атмосфера, нема гаранција дека таа (атмосферата) сé уште ќе биде таму. Ништо не ја исклучува можноста дека кога ѕвездата Proxima Centauri била поактивна, таа би можела да ја разнесе атмосферата на Proxima b додека била во раната фаза на формирање. За да знаеме, ќе ни бидат потребни нови податоци од некои идни опсервации, и потенцијално некои нови телескопи и мисии за проучување на Proxima b.
А евентуалната посета на Proxima Centauri не е така едноставна. Иако е најблиската ѕвезда, оддалечена „само“ 4.24 светлосни години, сепак тоа е долг пат што би траел илјадници години – на најбрзиот спејс шатл на NASA, кога би патувал со максималната брзина од 28.300 км/ч, би му требале 165.000 години за да стигне до Proxima Centauri. На сондата Војаџер 1, иако побрза, би ѝ требале 70.000 години.
Засега, нашите најдобри изгледи се содржани во Breakthrough Starshot проектот, кој се темели на претпоставката дека можеме да испратиме нано-летала што би „пловеле“ на светлосните бранови, а ние би ги погонувале буткајќи ги со моќни ласери, кои би собрале слики и податоци за Proxima Centauri и Proxima b и би ги испратиле назад кон Земјата 4 години по нивното собирање. Ако ја развиеме таквата технологија, овие нано-летала би патувале со 20% од брзината на светлината, што значи дека во Proxima Centauri би стигнале за 20 години.
Дотогаш, ако не измислиме ворп-драјв што го искривува времепросторот и ја скратува дистанцата и времето на патување (како во научнофантастичните филмови), нио останува само да ја гледаме Proxima b преку телескопи.
Извор: Popsci