Се засилија пожарите во Калифорнија, евакуирани уште илјада луѓе

Околу илјада жители на северниот дел на Калифорнија се евакуирани поради наближување на шумските пожари.

Гаснењето на огнот го отежнуваат временските услови, а за тој регион се прогнозира ветровит и жежок викенд, што би можело да го рашири огнот во нови области и да загрози поголем број куќи.

Од почетокот на пожарите досега се евакуирани 16.000 жители, оштетени се 88 градежни објекти и големи површини шуми.

- Реклама -