SEAT Ibiza во продажба во Кина

SEAT ја освојува и Кина. Шпанската мултинационална компанија започна да ја продава Ibiza во големата азиска држава, настан кој се поклопи со прес денот на автомобилскиот саем во Шангај.

Ibiza е најдобро продаваниот и најизвезуваниот шпански автомобил во историјата, и еден од најуспешните модели во својот сегмент, низ цела Европа. Од почетокот на производството во 1984 година, SEAT на пазарот пласираше 4.8 милиони возила, извезувајќи 69% од нив на сите оние пазари каде што е присутен брендот, главно Германија, Франција и Италија.

Ibiza пристигнува кај кинеските дилери во три верзии, по сечиј вкус – спортската компактна SC со три врати, практичната и елегантна Ibiza ST караван, како и динамичната и универзалната Ibiza со пет врати. Ibiza во Кина доаѓа со избор на мотори од 105 до 150 hp, но и со две верзии – Style и FR.

seat1

На почетокот од 2014 година, SEAT исто така на пазарот на Кина ќе го пласира и новиот Leon. Leon е всушност ѕвездата не брендот на автомобилскиот саем во Шангај 2013, од причина што верзиите со три и пет врати за првпат ќе бидат изложени на еден автомобилски саем во Азија. Пред тоа, во асортиманот на SEAT ќе биде вклучен и добитникот на награда, повеќенаменското возило SEAT Alhambra, а исто така и Ibiza Cupra, кои ќе пристигнат во Кина за време на втората половина на 2013 година.

Weiming Soh, член на одборот на Volkswagen групацијата во Кина, одговорен за продажба и маркетинг, ја истакна презентацијата на шпанскиот бренд на автомобилскиот саем во Шангај 2013 и изјави “сега навистина можеме да кажеме дека SEAT е присутен и во Кина”. Тој додаде “во текот на следните 12 месеци, SEAT ќе започне една производна офанзива која ќе вклучува еден поширок асортиман на автомобили” на кинескиот пазар, и дека “основата за пораст ќе биде Ibiza, најуспешниот модел на брендот во светот. Ние сме убедени дека атрактивната комбинација на дизајн и технологија на нашите возила ќе ги освои клиентите во Кина кои важат за едни од попребирливите”.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

seat2

За време на презентацијата на SEAT на автомобилскиот саем во Шангај, Dr. Mathias Rabe, извршен потпретседател за Истражување и Развој на SEAT, го презентираше новиот Leon SC до печатот. Dr. Rabe го нагласи фактот дека Leon со три врати “не е само одлично возило во поглед на технологија, туку исто така е икона во дизајнот. Leon ги има сите состојки за да оствари голем успех во Кина”. Потпретседателот за истражување и развој на SEAT изјави дека “со најголемата офанзива за модел во историјата на брендот, со најмладата линија на производот и со понатамошниот развој на нашето присуство на пазарот работиме на возбудлива иднина за SEAT – во Кина и глобално”.

seat3

Првата година во Кина

На автомобилскиот саем во Шангај, SEAT ја слави првата годишнина од започнувањето на продажбите во Кина. За ова време, шпанскиот бренд на пазарот пласираше скоро 3,000 возила, од кои сите беа Leon од втора генерација и веќе има 12 застапништва во некои од поголемите градови на земјата, откако отвори четири продажни места во втората половина на 2012. Исто така, SEAT го покажува новото лого на брендот за првпат во Азија, кое ја имаше својата премиера на последниот автомобилски саем во Париз.

Продажбата расте во првиот квартал

И покрај големиот пад во продажбите на автомобили на главните европски пазари како резултат на економската криза, SEAT успеа да забележи подобрување од 8.7% во испораките до клиенти ширум светот во првиот квартал во 2013. Шпанскиот бренд почна да ги жнее плодовите од својата работа од новите возила лансирани во 2012. SEAT го имаше својот најголем пораст во Германија (26.9%), Шпанија (7.5%), Обединетото Кралство (5.2%), и Мексико (7.7%) како и Северна Африка и Средниот Исток, каде порастот беше 57.4%. Што значи продажбата надвор од Европа порасна за 37.2%, што вклучува 19.9% од сите возила испорачани за време на првиот квартал.

 

- Реклама -