Seavus групацијата го купи едукативниот ИТ центар Александрија

Официјално, Seavus групацијата ја превзема Александрија, најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ секторот.

Seavus едукативниот и развоен центар, како дел од Seavus групацијата, во целост ги превзема портфолиото, кадрите и програмата на Александрија согласно договорот склучен на 11.07.2013.

Seavus едукативниот и развоен центар е присутен на пазарот повеќе од 3 години и веќе стана препознатлив како креатор на најсовремени програми и иновативна методологија за едукација на ИТ кадри барани од страна на индустријата. Александрија пак веќе 20 години оперира на македонскиот пазар развивајќи генерации на инжинери преку специјализирани обуки и курсеви од областа на информатиката и мрежните техологии.

SEDC-infographic

Ваквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во завземање на лидерска позиција од страна на Seavus едукативен и развоен центар на македонскиот пазар за специјализирана ИТ едукација.

Двете компании на оваа голема промена гледаат како на здрав и силен чекор кон понатамошен напредок на македонскиот ИТ пазар кој ќе помогне во креирање и оддржување на стандарди и кадри на ниво на светските во оваа област.

Александрија е основана 1993 година и е првата приватна едукативна институција за специјализирани ИТ обуки.

- Реклама -