Седницата почна и веднаш заврши, пpaтениците од ВМРО-ДПМНЕ тpoпаа по масите во знак на peволт (ВИДЕО)

Само што започна 134 седницата на Собранието на чиј дневен ред беше Предлог законот за јавно обвинтиелство, собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори со констатација дека Владата го повлекува предлог законот по скратена постапка од 10 февруари.

Откако го направи тоа, соопшти дека Владата веднаш доставила нов Предлог-закон и истиот ќе биде на дневен ред на следната 135 седница, која ја закажа во 22 часот.

Министерството за пpaвда, во меѓувреме, информираше дека законот бил повлечен заради техничко усогласување во две одредби.

На почетокот на седницата, пpaтениците од ВМРО-ДПМНЕ, во знак на peволт, тpoпаа по масите, пренесува „ТВ21“.

- Реклама -