Седум докази дека мрзливите луѓе имаат поголема шанса за успех

Сите луѓе на некој начин се мрзливи. Некој помалку, а некој повеќе и тоа се смета како огромна маана. Но, што ако тоа и не толку лоша работа? Што ако мрзливоста ви помогне да станете по успешни? Во тој случај ова навистина на многумина би им одговарало.

Мрзливите луѓе можат да постигнат голем успех. Ако го земеме за пример Чарлс Дарвин. Наставниците и неговите родители постојано морале да го тераат да учи математика и граматика на училиште, а често се случувало да заспие и во текот на часовите. Тој повеќе сакал да лови риби и да пука во гаврани, отколку да се занимава со спорт. Кога заминал на факултет тој повеќе сакал да седи во некој паб отколку да оди на предавања. Дури и кога станал научник тој воопшто не брзал и со години ги пишувал своите дела.

Друг пример е Винстон Черчил. Тој во средно училишт бил најслабиот ученик во одделението и тој воошто не заминал на факултет. Спортот не го интересирал, а најголема активност му била седењето во фотелја. Но, сепак на крајот тој станал еден од најважните политичари на 20-от век.

Карл Маркс живеел на сметка на својата мајка, со месеци избегнувал да работи. Подоцна живеел од парите на Енгелс. Но, сепак неговото учење го промени погледот на светот.

Постојат уште многу мрзливи великани, вклучувајќи го Ајншајн, Њутн, Пикасо, Менделеев и др. Но, тие сепак постигнаа неверојатен успех и светска слава. Тоа е знак дека мрзливите луѓе можат да остваруваат големи работи. А мрзливоста дури може да биде и предност.

Тие се иновативни

Мрзливите луѓе се креативни особено кога станува збор за организирање на работа. Тие не губат време на непотребни работи. Мрзливите вработени  полесно ќе пронајдат начин како да  ги автоматизираат и оптимизираат сите процеси. Ништо не им пречи како монотоната работа.

Мрзливите луѓе ќе направат се само да си го олеснат начинот на живот.

Тие се претприемачи

Мрзливите луѓе често се претприемачи. Нивниот ум е полн со идеи за проекти, а не луди мисли и обврски. Тие размислуваат надвор од кутијата. За нив е важно да не прават здодевна работа и да имаат подобри резултати.

Тие знаат кога да се одморат

Многу е важно да знаете кога да се одморите, бидејќи колку помалку енергија имате, толку потешко ќе биде да исполните вашите планови.

Луѓето кои се напрегаат побрзо стареат, а нивната меморија опаѓа побрзо. Покрај тоа, некои научници веруваат дека станувањето рано и присилно вежбање е штетно за здравјето на „ноќните птици“, особено ако се во нивните четириесетти.

Тие се порелаксирани

Мрзливите луѓе не брзаат и скокаат од една до друга обврска. Тие одвојуваат доволно време и одат од задача до задача. Додека другите паничат и губат фокус, мрзливите луѓе помалку се грижат и ја обавуваат работата опуштено.

Мрзливите луѓе знаат кои се нивните цели

Мрзливите луѓе знаат да постават приоритети и да се фокусираат на сопствените цели, а не на очекувањата на другите.Тие едноставно се премногу мрзливи да обрнуваат внимание на другите приоритети, па затоа претпочитаат да се фокусираат на сопствените.

Тие се попаметни

За мрзливите луѓе да преживеат на работното место, тие треба да бидат многу лукави. Тие треба да пронајдат  начин да не прават ништо одредено време а, потоа да пристигнат да направат сè за еден момент. Вработените се паметни или глупави, мрзливи или вредни. Ако сте паметни и мрзливи, веројатно сте најефикасен вработен во компанијата.

Тие се користат со најразлична технологија што им овозможува да бидат мрзливи

Денес, постојат многу програми, апликации и гаџети кои ја забрзуваат работата. Мрзливите луѓе добро ги знаат овие алатки и ги користат за да ги завршат работите побрзо.

Американскиот професор Арнолд Лудвиг анализирал повеќе од 1.000 луѓе кои постигнале голем успех во нивните животи. Тој заклучил дека покрај талентот, треба да знаете и како да го губите вашето време. Тоа секако звучи парадоксално во денешниот брз начин на живот. Но, дури и Ајнштајн рекол дека здодевноста е крајната алатка за развој на имагинацијата и креативноста.

И еден од најбогатите луѓе во светот, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс еднаш изјавил дека попрво би ангажирал мрзлив работник за тешката задача, затоа што најбрзо ќе го најде решението.

- Реклама -