Седум најчести женски лаги

Повеќето луѓе се сметаат за искрени и велат дека лажат само кога тоа е неопходно или за да заштитат друга личност. Погледнете ја листата од седумте најчести женски лаги.

1.Не сум лута

Секако дека е лута, но не сака да ја каже вистината затоа што во моментот не сака расправија.

2.Не се грижам

Ова е многу слично на тоа дека не е лута. Секако дека се грижи, инаку не би го спомнувала тоа. Поубаво погледнете го изразот на нејзиното лице и говорот на телото.

fc5fa66c2be567fa1c70228db92e4fca

3.Немам јадено ништо цел ден

Хмм, малку поточно објаснување би било дека не јадела ручек со зеленчук, овошје или интегрално пециво, но нашла време за парче пица и цело чоколадо поради стресот на работа.

4.Почнувам со диета

Излегува дека лаже, затоа што диетата ќе ја почне од утре. Тој ден случајно имало роденден на работа или некоја друга прослава излегла токму тој ден.

eatingsecret

5.Беше на попуст

Ако ја прашате колку чини новата маица, чанта или обувки, можеби ќе слушнете дека било на намалуавање. Всушност за неа добра цена е и фактот дека конкретната чанта совршено и одговара на чевлите што ги купила минатиот месец.

6.На детето му се потребни

Купила уште едни чевли за детето, затоа што тие што ги има не се доволно убави, на пример, за во театар? Во машкиот свет тоа е сосема непотребно, но тоа е само една од многубројните разлики меѓу половите.

shopping main

7.Ова ќе ми одговара со цела гардероба

Кога жената купува парче гардероба или парче накит, а сака да се оправда, ќе рече дека тоа и одговара со цела гардероба и дека ќе може да го носи во секоја прилика иако не е така.

- Реклама -