Седум совети за мазни нозе

Нозете се еден од најсексапилните делови на женското тело. Затоа секогаш е важно како изгледаат. Погледнете ги  нашите 7 совети за мазни нозе.

Иако бричењето не е најдобриот  начин да се отстранат непосакуваните влакненца, многу девојки го  преферираат овој метод.

Иако има многу недостатоци, бричењето има и свои предности – брзо и безболно. Доколку и вие ги бричите нозете, погледнете како да ви останат мазни и убави.

Користете многу вода

Користете многу вода, додека ги бричите  ​​нозете.  Совршен, макар и единствен  начин, е секогаш до вас да има чешма. Дури да брзате, никогаш не ги бричете  ​​нозете на сува кожа . Ова води до црвенило и модринки на кожата.

Крем за бричење со глицерин

Ако користите крем за бричење , наместо пена прочитајте ја содржината. Потоа побарајте некоја која што содржи  високо ниво на  глицерин . Глицеринот ја  храни кожата, ја омекнува ја и ја намалува веројатноста за црвенило после бричењето.

Додади опис

Ексфолирајте ја кожата на нозете

Ексфолирајте ја кожата на нозете, пред да преминете на бричење. Можете да го направите тоа на   два главни начини: користете специјален  сунѓер или производ со ексфолијација честички . Можете да користите и домашно приготвен пилинг. Така кожата ќе стане мазна и ќе избегнете црвенило после бричењето.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Внимавајте со насоката на бричење

Едно од најважните правила за бричење е да внимавате со насоката. Најзастапен  мит  е дека бричењето го стимулира растот на влакната . Кај некои тоа важи, кај други – не. Важно е да се  избричат ​​нозете секогаш на ист начин – во насока на влакното или во насока спротивна на влакното.

Хидратација после бричење

Никогаш не заборавајте да нанесете хидратантен крем после бричење . Лосионот ја смирува кожата и ја штити од црвенило. Најсоодветните  креми за после бричење содржат глицерин, алое вера, невен и розово масло .

Менувајте често ноже

Менувајте го ножето на бричот што  е можно почесто. Ако користите затапено ноже за бричење, дури и тоа е болно. Покрај тоа избирајте бричење со повеќе  ножеви. Тие имаат подолг живот, се справуваат дури и со тврди влакна и се чистат полесно.

- Реклама -