Седум типа карактеристики според обликот на лицето

Според психолозите формата на лицето и специфичните црти издаваат каков е карактерот на човекот.

После долгогодишни истражувања и развој, специјалистите се определиле за 7 различни типа, од кои секој има специфични препознатливи знаци.

Лидер

1

Лидерите имаат тркалезно лице, меки црти и длабок поглед кој издава мудрост. Овие луѓе се карактеризираат со широкогледост, толеранција, емоционална интелигенција и силен дух. Тие се однесуваат како да живееле десетици минати животи и имаат акумулирано искуство со кое ги надминуваат останатите. Често се лидери во општеството. Тоа се луѓе на мислата и моралот, на чистите односи и добрината. Иако понекогаш имаат остар јазик, зад тешките зборови се крие само фер третман.

Занаетчија

2

Занаетчиите поседуваат неверојатно мирен, експресивен и длабок поглед, како врата кон слоевитата душа, како портал кон таинствените внатрешните светови. Овие луѓе секогаш оставаат силен впечаток кај околните. Поседуваат необјаснета харизма и шарм кој делува како магнет. Тие се талентирани и многу духовити личности, конкретно тие се она што некои го нарекуваат Х-фактор, а ние го нарекуваме магија!

Војник

3

Војниците изгледаат силни, жилави, со груби црти и тежок поглед кој чиниш вели: „ Не се осмелувај да ме уништиш“ Овие луѓе се исклучително темпераментни. Во нив беснеат кршливи емоции и длабоки мисли кои им ја разрушуваат душата на илјадници парчиња. Од сè на светот најмногу мразат пасивност. Тие се будни и не трпат мрзливци. Нивниот темперамент не им дозволува да бидат слаби и нерешителни. Тешко се живее со војниците, но сепак ако не сретнеш барем еден таков низ животот, тоа значи ништо не си видел од него.

Гениј

4

Гениите имаат многу интелигентно емитување, што предизвикува почит кај останатите. Не сакаат да зборуваат многу, ниту пак фрлат празни зборови во оган. Изклучително се избалансирани и одлично ја сфаќаат својата супериорност, не фалејќи се со неа, туку само слушаат и набљудуваат. Да, тие знаат како да слушаат и да ги впиваат најважните работи со секое влакно на телото.

Комичар

5

Комиците се познаваат по невообичаено крупни црти на лицето, кои понекогаш дури личат на анимирани слики. Погледот им е игрив, издава веселост и добронамерност. Ова се исклучително позитивни личности, пријатно друштво и одлични пријатели. Тие сакаат да зборуваат многу, да се смеат гласно и да заразуваат со добро расположение.

Свештеник

6

Свештениците имаат бадемовидно лице, мачкини очи и остроумен поглед.Основната движечка сила во животот им е стремежот да ги прават нештата подобро од другите. Тие се родени за да бидат лидери, но понекогаш се тетерават во фанатизам во овој копнеж. Не трпат критики и воопшто не сакаат да ги поучуваат. Многу се горделиви, дури и премногу, самоуверени, одлучни и амбициозни.

Член на кралското семејство

7

Кралското семејство имаат широка, добро изразена вилица. Лицето им открива самоувереност, суровост и моќ, како да вели: „Јас одлично знам што правам!“ Тоа се доста непоколебливи луѓе кои понекогаш изгледаат премногу мрачни и строги. Вистината е дека се токму такви – личности, кои не дозволуваат некој друг да им диктира правилата во животот.

- Реклама -